Трајната шминка е тема која е актуелна долги години, но колкава е вистинската информираност во врска со неа?
Како и во секоја област, присутни се бројни недоумници, ставови и уверувања, кои во поголемиот број случаеви се погрешни, а сето тоа е последица заради нерасполагање на доволна количина информации или присуство на контрадикторни имформации.
Во продолжение од стручен агол ќе ви ги решиме заблудите и појасниме вистинате кога е трајната шминка во прашање.
Третман со трајна шминка е исто што и тетоважа. ЗАБЛУДА❗️
Трајната шминка е вид на тетоважа, но привремена, бидејќи во однос на класичната тетоважа се разликува по длабочината на внесувањето во кожата, како и по видот на пигмент која се аплицира во кожата.
Трајната шминка се нанесува поплитко, а тетоважата подлабоко во кожата и самите пигменти за трајна шминка имаат помал век на траење за разлика од пигментите за класична тетоважа на тело.
Третманот со трајна шминка е болен. ЗАБЛУДА❗️
Пред самиот третман со трајна шминка се нанесува локален анестетик во вид на крема, како би ја подготвиле кожата за изработка.
Исто така во текот на третманот се нанесува секундарен анестетик (по потреба) и со тоа болката е сведена на минимум или воопшто ја нема. Преголема болка е знак дека третманот не се изведува стручно.
Трајна шминка секогаш изгледа неприродно. ЗАБЛУДА❗️
Ова е убедување за кое пред 10-15 години можеби ќе кажевме дека е вистинито, меѓутоа времињата се сменија. Денес во трајната шминка важат истите правила како и во естетската медицина, а најважното од нив е добивање на природен изглед.
Затоа денес најпопуларни третмани се пудер веѓи ( природно засенчани веѓи ) кои ја имитираат вашата природна веѓа, лабело усни кои даваат прозрачен нежен ефект на усните за разлика од кармин ефектот кој беше популарен пред повеќе од 15 год.
Сите овие техники се усмерени да се истакне природната убавина. Всушност и умешноста на еден артист е да одбере пигмент и техника прилагодена кон секој клиент посебно.
Третман со трајна шминка е ризичен по здравје. ВИСТИНА✅, доколку се изведува непрофесионално и нестручно!
Препорака е пред третман добро да се информирате. Постојат многу луѓе кои ги изведуваат овие третмани, а немаат доволно стручно знаење. Кога ќе го посетите салонот во кој планирате да правите трајна шминка проверете ја хигиената и професионалноста на персоналот, за да бидете сигурни дека сте на вистинското место.
Искусен PMU артист мора да има одговор на секое прашање и вам да ви постави одредени прашања кои смета дека се битни за изведување на третманот.
Во текот на консултацијата, пред изведување на третманот пополнувате прашалник и се зима анамнеза.
Клучни работи на кои треба да обрнете внимание се заштитата на опремата со која се изведува третманот и дали се користат игли за еднократна употреба, што е задолжително!
Во вистински раце оваа постапка не може да биде штетна. Затоа и ја нагласуваме важноста при избор на PMU артист.
Сите PMU веѓи се темни. ЗАБЛУДА❗️
Ова е една од најголемите заблуди која владее кај клиентите, а до некаде е разбирливо, бидејќи поради бројните лоши и нестручни изработки се добива потплолно погрешна слика за тоа како еден третман треба да изгледа. Бојата на пигментот се избира да одговара на природните веѓи и коса на клиентот. Покрај тоа на избор на боја влијае тон и подтон на кожа.
Нормално е дека нема да користиме иста боја на пигмент кај русокоса и бринета.
Aftercare не влијае многу на крајниот резултат. ЗАБЛУДА❗️
Многу е битно овој дел со посттретманска нега да се исполни. После завршувањето на третманот добивате детални упатства што треба да користите и како да ја негувате третираната регија.
До првата корекција (еден месец) веѓите поминуваат одредени фази – перутање, поблед пигмент првите две недели а потоа таа иста боја надоаѓа, додека некои клиенти нема ни да приметат кога веѓите се исперутале.
Секогаш се советува избегнување на шминка, солариум, базени првите неколку дена за да може кожата убаво да зарасне.
Затоа препорачаната нега може многу да влијае на крајниот резултат и треба да се сфати сериозно бидејќи неадекватна нега може да има за последица лош резултат.
Трајната шминка штеди време и пари. ВИСТИНА✅!
Трајната шминка во одреден дел е замена за класичната шминка, бидејќи и кога нема да ставиме ништо на лицето изгледаме посвежо.
Штеди време и пари и ви ја враќа самодовербата. Ги намалува потребите за секојдневно шминкање, нервирање околу нееднакво нанесен туш, бришење на веѓите во текот на денот, поправка на карминот.
За третманите на трајна шминка постои уверување дека се прилично скапи, но кога истата сума ќе ја поделите со месеците во кои нема да ви бидат потребни моливчиња, четки, ајлајнер, кармини, време… доаѓаме до заклучок дека е прилично исплатлив третман.
Со трајна шминка изгледам средено во секоја прилика. ВИСТИНА✅!
Ова би го истакнале како бенефит посебно летно време, на плажа, на базен и сл, кога ќе имате секогаш готов, природен изглед.
Затоа не чекајте и закажете го вашиот третман на 071 / 912 – 606 и заследете не на Instagram за повеќе содржини.