ХЕМИСКИОТ ПИЛИНГ е идеален избор за решавање проблеми на кожата како што се темни флеки, лузни од акни, акни, хиперпигментација, но служи и како ефикасна процедура за подмладување и регенерација на кожата.
ЗОШТО Е ХЕМИСКИ ПИЛИНГ НЕОПХОДЕН ТРЕТМАН?
Многу од вас се прашуваат дали домашната нега и вистинскиот избор на креми и серуми е доволен за кожата да биде здрава и сјајна. Мора да се истакне дека делувањето на креми и серуми се одвива само на површината на кожата.
Бидејќи на површината се најстарите ќелии на кожата кои го сочинуваат “мртвиот“ слој на кожата, тие спречуваат продирање на активните супстанци во подлабоките слоеви. Иако содржат активни супстанци, кремите и серумите не можат да продрат до подлабоките слоеви каде се најнеопходни.
Со хемискиот пилинг го ослободуваме површинскиот слој на кожата и на тој начин поттикнуваме регенерација, подобар квалитет на кожата, стимулација на колаген и еластин кои се задолжени за младешки изглед. На тој начин вашата секојдневна beauty рутина не е залудна, бидејќи после хемискиот пилинг е подобра апсорпцијата на кожата, па препаратите за домашна нега и други третмани имаат подобро делување.
ШТО Е ВСУШНОСТ ХЕМИСКИ ПИЛИНГ?
Хемискиот пилинг подразбира забрзана ексфолијација на кожата, која е предизвикана од хемиските агенси кои се нанесуваат на кожата.
Оваа процедура има двојна функција, освен обновување на површинскиот слој на кожата, овие агенси доведуваат до интензивно ослободување цитокини, фактори за раст и синтеза на колаген, што придонесува за подмладување на кожата.
Ексфолијацијата покажува резултати кога сакаме да ја освежиме кожата, да ја подмладиме, да решиме некој проблем како што се акни, лузни од акни, хиперпигментации и други несовршености.
Со ексфолијацијата се отстрануваат митесерите, се прочистуваат порите и се редуцираат бактериите кои предизвикуваат акни.
Неизедначен тен, хиперпигментации, проширени пори, лузни од акни се чести естетски проблеми со кои се среќаваме. Хемискиот пилинг претставува силен агенс кој ефикасно ги решава овие проблеми и длабински ја подмладува кожата.
КОИ СЕ ЕФЕКТИТЕ ОД ХЕМИСКИ ПИЛИНГ?
- Кожата е регенерирана и изгледа свежо, сјајно и подмладено.
- Сувата кожа е хидрирана и овозможено ѝ е длабинско продирање на препаратите за хидратација.
- Фините линии и бори се помалку видливи.
- Лузните од акни се помалку видливи.
- Тенот е изедначен, видно е подобрен квалитетот и текстурата на кожата.
- Акни, митесери и масна кожа се видно редуцирани.
КОЛКУ ТРЕТМАНИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ОПТИМАЛНИ РЕЗУЛТАТИ?
Бројот на третманите зависи од ефектот кој сакаме да го постигнеме. Резултатите се видливи и со само еден третман, меѓутоа ако сакаме убави ефекти потребни се од 3-6 третмани. Но важно е да се напомене дека третманите се прават со растојание од 15 дена.
Во нашиот салон Be Unique ги користиме најдобрите хемиски пилинзи од врвниот бренд Mesoestetic, затоа не чекајте и закажете го вашиот третман на 071/912-606.