Дознајте повеќе за нашиот Салон

Со индивидуалниот пристап кон секој клиент, професионалност и високи стандарди за квалитет, сакаме да ја стекнеме и сочуваме вашата доверба и секој нареден пат да се вратите поубави и посреќни.

За нашиот Салон

Во пријатниот амбиент на салонот BE UNIQUE ќе се чувствувате единствено,ќе си ја вратите енергијата и ќе ги отстраните последиците од стресот.
Со индивидуалниот пристап кон секој клиент, професионалност и високи стандарди за квалитет, сакаме да ја стекнеме и сочуваме вашата доверба и секој нареден пат да се вратите поубави и посреќни.

 

Одберете некои од третманите:

Погледнете го нашиот Салон

Нашиот салон е опремен со најсовремената технологија и комфорни простории. Погледнете ги нашите простории, каде секој детал е внимателно осмислен за да ви обезбеди пријатно и релаксирачко искуство.

За артистот Слаѓана Јовановиќ

Јас сум Слаѓана Јовановиќ, а својата кариера во светот на индустријата за убавина ја започнав пред повеќе од 16 години.

Сопственик сум на салонот за убавина Be Unique кој ги нуди сите козметички услуги.

Во текот на изминатите 16 год имам посетено повеќе едукации од областа на козметички услуги: нокти, педикир, депилација, третмани на лице.

Големата желба за знаење ме водеше понатака во светот на трајната шминка и последните години ја користам секоја прилика за нејзино усовршување.

  • Пред 5 години станувам PMU MASTER , а првата едукација за пудер веѓи и трајна шминка на усни ја завршувам во Србија, а со тоа воедно сум меѓу првите артисти во Македонија што почнуваат да ја користат оваа светски најпозната техника за веѓи.
  • Следната едукација за пудер веѓи, усни и сенчан туш на очи ја завршив кај светски позната едукаторка од Украина.
  • Усовршување на техники за усни и сенчан туш кај едукатор во Србија
  • Следното усовршување за пудер веѓи и усни го завршивам кај една од најпознатите едукатори повторно во  Србија.
  • Последното усовршување за сите три зони: пудер веѓи, усни, сенчан туш повторно кај позната едукаторка од Украина.
  • Пигментологија во трајната шминка, Србија

„Сите обуки за мене се драгоцени и благодарна сум на сите едукатори за знаењето, затоа што тоа е највредно. “

Се усовршував во техники кои пружаат можност моите изработки да бидат природни и вклопени со цртите на лицето на моите клиенти. Моја цел е со помош на третманите за трајна шминка е да го истакнам најубавото кај секој од моите клиенти и да направам тие да уживаат во својот изглед. Со гордост можам да кажам дека мојата цел е исполнета, што се докажува со огромниот број на задоволни клиенти кои ме препорачуваат на свои познаници.

Што кажуваат нашите Клиенти

Препуштете се на професионалните раце и доживејте уникатно искуство во нашиот салон. Нашите клиенти се нашиот најголем доказ за квалитетот