Категорија на услуги

Третмани на лице

Класичен - хигиенски третман на лице

Класичен- хигиенски третман на лице е основен третман за нега на лице и претставува постапка за темелно чистење на кожата, тонирање и хидратација. Целта на овој третман е отстранување на вишок себум и митесери како и прочистување на порите. Со ваква нега на кожата и пружаме свеж изглед и ќе спречиме појава на акни и митесери. Овој третман подразбира вадење шминка, отварање на пори , чистење на лице( комедоекспресија), пилинг,смирувачка маска според тип на кожа.

Третман за хидратација

Третман за хидратација – вклучува отстранување на шминка, пилинг , масажа на лице и деколте со масажна крема , Peel off маска за лице и очи според тип на кожа , ампула со glow ефект и крема за лице.

Mesoestetic melanostop пилинзи

Корективен третман за хиперпигментација, старачки пеги, флеки од сонце, безживотна кожа и кожа со неизедначен тен. Овој третман е ефикасен за обновување на епидермисот, кожата добива сјај и станува посвежа. Овој третман има и антибактериско и регенеративно дејство, ја просветлува кожата и ја намалува пигментацијата. Советуваме да избегнувате производи за самопотемнување на лице , врат и деколте 7 дена пред третманот.

Mesoestetic пилинзи за масна и проблематична кожа

Фактори кои допринесуваат за масна кожа се: генетика,хормонски промени, исхрана, стрес, несоодветни козметички производи . Пилинзите прават длабока регенерација на кожата ,имаат антибактериско и регенеративно дејство,а првичните ефекти се видливи и по само еден третман, меѓута препорачливо е да се направи серија од 3-6 третмани за имаме видливи резултати. Советуваме да избегнувате производи за самопотемнување на лице , врат и деколте 7 дена пред третманот.

Mesoestetic anti aging пилинзи

Губитокот на еластин и колаген кои се клучни да ја направат кожата цврста и еластична, доведува до опуштање на кожата и појава на бори. Овие пилинг третмани го обновуваат епидермисот, имаат регенеративно дејство и со нив ќе ја подобриме текстурата на кожата и ќе добиеме свеж изглед на лицето. Советуваме да избегнувате производи за самопотемнување на лице врат и деколте 7 дена пред третман.