Категорија на услуги

Масажа

Во нашиот салон, нудиме три вида масажи кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да ја подобрите циркулацијата.

Релакс масажа

Длабока релаксација и ослободување од напнатоста во мускулите. Овој вид масажа е совршен избор за оние кои сакаат целосно да се опуштат и да го обноват своето тело и ум.

Парцијална масажа на грб

Идеална за оние кои чувствуваат болка или напнатост во пределот на грбот, рамената и вратот. Со прецизни техники, оваа масажа помага во ублажување на болките, подобрување на подвижноста и враќање на балансот во телото.

Антицелулитна масажа

Специјално дизајнирана за стимулирање на циркулацијата и елиминирање на насобраните токсини. Оваа масажа помага во намалување на целулитот и обликување на телото, оставајќи ја кожата затегната и мазна.